излаже (гл.) - во (предл.)

Петтата категорија им припаѓа на новопечените лешпери и богаташи, односно такозваната бизнис- шалабајзер елита кои се во директна спрега со овие од првата категорија, а нивната главна особина им е што е можно повеќе луѓе да излажат во текот на денот и секојдневно да напраат по некоја дубара за да дојдат до што е можно поголем профит за себе притоа уништувајќи сè што им стои на патот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Не му беше заради самото крувче, како што не му беше ни само заради компирите (пак ќе се роди нешто!) Не, тој се чувствуваше излаган во својата верба, насамарен, и му беше криво дека се покажа толку наивен да оди по умот на овој калпазан, како што почна во себе да го вика Пискулиева.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ако не излагав во Њујорк работев во Германија или работев портрети. DD ПТ: Мислев, со сѐ поголемиот број на уметници и ново отворените галерии се менува и статусот на уметникот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)