излегува (гл.) - да (сврз.)

Додека прислужникот на училиштето влегуваше и излегуваше да донесе кафе и ракија за честење, Комисијата ја објасни целта на своето доаѓање; кажа дека треба да изврши проверка на местата од овој пограничен реон: да се одбележат синорите, да се изврши маркирање на теренот срамнувајќи го со картата во која е уцртана границата, односно да се изврши разграничувањето меѓу двете држави.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„Ти го украдов, татко. Ти го украдов“, рече, откривајќи си самата на себе со кого разговара и како на јаве во сеќавањето ја гледаше сликата од пред повеќе од седумдесет години кога татко ѝ, по посетата на ќерката, излегуваше да се врати дома, во своето село, а по него, испраќајќи го, одат прво свекрва ѝ, па свекорот и најпосле таа самата, со покорно поведение и на растојание зад нив.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Крпам така, а под куќата Чако припнува, корне. На кого лае толку, си велам и излегувам да ѕирнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Земаше лозови и се смируваше малку до вечерта до легнувањето, но пак започнуваше нешто да му ја разбранува душата, да го поткрева, да го возбудува, да не може да спие, и пак излегуваше да шета, да гледа во ѕвездите, да ја чека нестрпливо зората, идењето на весниците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Наутро прва стануваше секако ситната Митра, погледнуваше во аголот лево од вратата и голиот грб и големата гола глава ја смируваа дека Дончо сепак се вратил на спиење, па излегуваше да мети пред одајката и да донесе пресна вода за пиење во две стомни оти едната ќе ја потроши Чана, замивајќи си го големото лице и плискајќи се под машките мишки.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Кога излегуваш да купиш цигари те прашуваат: ќе се вратиш ли годинава?
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)