излезе (гл.) - двајца (бр.)

Уште кога се прибраа со нарамник дрва, од трлото излегоа двајца луѓе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тета се разбуди дури пред стемнување.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се провртка малку низ куќата, си ги облече патиките и ми рече: - Бреза, кога ќе стане тетка ти кажи ѝ дека сум отишол да го прошетам малку Бак. – И излегоа двајцата низ вратата од дворот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Од лекарската соба излегоа двајца доктори и една медицинска сестра.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наеднаш од зад дрвјата излегоа двајца болничари облечени во бели мантили и го зграпчија Богдана за раменици тргајќи го по патеката кон зградата на чиј што влез пишуваше: ”Душевна болница”.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Набргу од училиштето излегоа двајца милиционери.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Два дена по тој разговор, дојде еден џип над куќата, излегоа двајца мрки луѓе во полициска униформа, и го зедоа Симона.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од зинатиот влез на болницата излегоа двајца селани со торби преку рамо и одејќи молчешкум, застанаа на работ од тротоарот и малку понастрана од човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Од сиот тој чад веројатно многу мирисаме, затоа што Марија ме гледа со неодобрување кога ќе влезам во соба и го отвора прозорецот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
По два часа од собата излегоа двајца дебели лекари со гумени ракавици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од зинатиот влез на болницата излегоа двајца селани со торби преку рамо и одејќи молчешкум, застанаа на работ од тротоарот и малку понастрана од човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Од врбите ќе излезат двајца другари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од 'ржјата, токму пред него, излегоа двајца луѓе. Трајче ги позна. Тоа беа Огнен и Горјан.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На полјанката излегоа двајца непознати луѓе.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)