излезе (гл.) - тројца (бр.)

Од една дупка не излегоа тројца минери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се слушна топот на коњски нозе - од другата страна на полјанката се подраширија гранките на елките и боровите и од нив излегоа тројца коњаници вооружени до заби со пушки, пиштоли и остри ножеви.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На бината, на чиј ѕид висеше голем портрет на Маркос во воена униформа, со прекрстени ремени на градите и обуен во извиткани чизми (секогаш кога го гледав портретот ми се чинеше дека чизмите му беа валкани) излегоа тројца и еден по еден се претставија.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Излегоа тројца од три кожурки на своите соништа а тој, претпоставувајќи во нивните сонливи очи топлина и чувство, ги праша со рапаво грло: „Каква е оваа ноќ, оваа проклета црна ноќ?“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)