излезе (гл.) - некој (зам.)

— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А од секое пенџере се виори бело знаме од завесите, луфтираат по платената љубов и чат-пат ќе излезе некој во долна маица на некој перваз и ќе плукне одозгора.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
КОСТАДИН: (Силно возбуден). Ах, Симке!... Не се согласи на бегање!... Не, не си ти крива... Требаше на сила!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
ФИДАН: Бре, бре, бре! Сиромав Славче! И тој излегол некој љубовник. Зрел човек од дете женско да брани и џандари да вика!...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
После тоа (или пак сетнем?) излегува некоја млада и надежна најавувачка: А сега драги гледачи проследете ја програмата за утре и чао.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Се истребија ајдуците што земаа склаф. Доколку излезе некој, власта ги гони.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како не излезе некој волк, ќе си велам, да ја лапне, да ја скине, и, сосе неа, да избега.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лекарот повика преку алармните сигнали да излезе некоја од сестрите или болничарите.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ПАРЕ: Така, касмет, зарем за да не ни излезе некој лош збор. (Пак чукање на портата).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)