излезе (гл.) - глас (имн.)

Го напушчиа ли тиа тој пат, ќе си се оддела и од виа, како шо се оддели од брата му Гога и ке си а бркам работичката сам, како што си а брка и досега".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чана како да беше откриена во нешто што не треба никој да го знае, ѝ се рашета крвта по лицето, очите ѝ затрепкаа, а од устата иако се отвораше и затвораше, не излезе глас.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Но веднаш му излезе гласот на неговото родољубие и си рече: „Јас го даду зборот пред оној Толе шо истепа толку Турци, за да му помогна на виа новите Толевци шо тргнале да и истепаат сете Турци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неколку пати ја завртува својата глава на кај Деспина ама никако да излезе глас од нејзината уста.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Приземаш од компирот и пак размислуваш, си велиш, ајде да бидам поет, тоа е добра работа, не, ќе ме натераат нешто да цитирам, не знаеш, тоа не е убава работа, - ајде да бидам оперски пејач, сакаш да пробаш, си голтнал цел компир, не излегува гласот, се препотуваш, најпосле се ти се помешува, срце малечко, паѓаше во очај, мислиш, ами ако нема ништо во тебе, наеднаш ти паѓа тешко, ти се слошува, сето тоа што си го кркал со преголем апетит, отров ти станало.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)