излезе (гл.) - жена (имн.)

Од македонскиот џип излегоа жената со косата во колак над темето и еден висок и слаб маж, додека пак од грчкиот џип две жени дури и помлади од Пелагија со пријатен изглед и убаво облечени и еден маж свалкан како топка кому можеше да му се одлачи само малечката глава.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од куќата излезе жена му на Мил и го загледа Илко.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во пресрет прво ни излезе жена облечена во црно.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)