излезе (гл.) - месечина (имн.)

Писна ноќна птица, според моја процена ут. Можеби се растажи над месечината.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Излезе месечината. Онака сонлива, се удри од висок оџак. Офна. Едната страна ѝ набабре.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Лево, над високата планина, од зад облакот излезе месечината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Изгледа водителот заборави дека стоиме мирно.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А навечер ќе чекам да излезе месечината и ќе се потпирам на пенџерето: ќе собирам, ќе одземам. Чкртај, приѕирај...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)