излезе (гл.) - низ (предл.)

Погледнува низ прозорец, излегува низ другата врата, нервозна е.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Евет, муљазим ефенди (Разбирам, господине потпоручниче.) — одговори војникот и излезе низ порта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Евет, мудур ефенди, — изусти Ибро и излезе низ врата поведен во знак на послушност, а мудурот пак ги кладе очилата и пo десетти пат го прочита писмото дури да дојде јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стражата и патролата знаеја каде е буризанот, а тој секогаш беше, или заедно со муљазимот или во најблиската куќа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас ќе појда до Ѓурѓа наша за еден час. — и излезе низ дворот Толе токму беше удрил на дедот Волчета Мијов, дедо му на Најда, бидејќи Најдовица му беше ќерка на Волчета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најпосле тропна и влезе јузбашијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Боже, што му се стори? Дали не се изгнаси од здивот мој“ — инстиктивно ги осети неговите мисли и си излезе низ малата црквена вратничка, та застана да го дочека да излезе и тој.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И стана да си оди; се симна по скалите и преку дворот излезе низ портата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Тоа можеби излегло низ друг ралуп - рече Митко гледајќи угоре по стеблото.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Боб го праша џуџестиот човек, кој со леплива црна лента ги изолираше краиштата на жиците и излезе низ шупливиот железен столб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И виде Филозофот дека сум задуман, и излезе низ вратата, смешкајќи се со својата лечебна, загадочна насмевка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во џебот цврсто ги стегаше трите клуча од дуќаните, каде што замрзнто, под своето студенило, светеше златото преморено од чекањето, сакајќи да излезе низ темниот отвор со својот блесок да се прикачи на нечија рака.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Во истиот момент тетка ми, со патната торба во рацете, истрча налутено од куќата и, без да се поздрави со мене и со Ели, излезе низ дворната врата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кучката спокојно, би рекол, елегантно, обиколи околу моите нозе и излезе низ вратата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Потоа се сврте, им се придружи на другото дете и возрасниот човек, и тие излегоа низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И тие истрчуваат, не знаејќи дека зад нив ќе се затворат градските порти а тие ќе останат отаде тврдината, не знаејќи дека тоа е начинот на кој градовите, на секои неколку години, ги изгонуваат лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Конечно стигнуваат до излезот од тврдината која го оградува градот, портата се отвора, чуварите ги задаваат последните удари со камшици, и извикуваат: “А сега – на слобода!,” и ги пуштаат да излезат низ портата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жената уште долго остана да стои како скаменета.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Која дома по ѓаволите, се прашував ама зборот никако да излезе низ уста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тој не ја погледна, но проговори нешто нејасно, а потоа веднаш се извини за, како што рече, „непристојноста на еден шеесетгодишен старец,“ на што Софија му влепи шамар и со тоа заврши сцената, бидејќи таа во истиот миг стана и со брзи чекори излезе низ вратата на ресторанот, силно удирајќи ја зад себе.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се поздрави со г. Черингтон и се спушти сам по скалите, за да не дозволи стариот човек да го види како ја испитува улицата пред да излезе низ вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Го викнав болничарот, па со се инфузијата ти помогнавме да седнеш на столицата до креветот, сестрата ти го мереше притисок и излезе низ вратата, јас тргнав по неа да ја прашам колку ти е притисокот, а таа немоќно ги рашири рацете и одмавна со главата.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Пред куќата, истрчува Мил напред и му ја отвора вратата да влезе, и Богуле влагува во неа, но само ако претходно излегол низ неа; ако излегол низ прозорецот, по некој инстинкт, пак се враќа низ него качувајќи се на дрвото по кое што слегол.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нека речат роднини и пријатели оти најстана Доста изгледала чупа и свадба направила. Co тие зборови Крчо си излезе низ мала врата и околу мракот пак намина да види дали се свари пилето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога Крсте излезе низ малата вратничка, а Нешка се наведе да се појави да види дали некој не ќе го види оти од нив излегува, овој ја исползува нејзината положба, ги бакна своите четири прсти на десната рака и ѝ ги залепи на левиот образ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој се намурти кога Анѓа го фрли ибрикот и стана простум, тресејќи ја својата побелена брада со јад и силно се провикна – Тука да се донесе таа кучка врзана – и строго ѝ се овргли на Ајша, оваа излезе низ вратата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Каурката да служи. – Разбирам, кади баба – одговори Ајша и излезе низ врата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По него тргнаа и другите. – Варди Ибро, да не нападнат нас овие ѓаури – му се обрна кадијата на стражарот што застана на вратата. – Без гајле, кади баба – рече Ибро и се фати за јатаган – мрдна ли некој да излезе низ вратата, тука ќе сечам главата со јатаганот – подвикна да го слушнат децата и ги овргали крвавите очи во нив.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стојан ја понесе како мало дете и излезе низ вратата, a no него другите осум души, без да се обѕрнат назад да видат што стана со кадијата, Сефедина, Ајша и каданите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ајде на работа – заповеда и плусна Сулејман со рацете, а везирот и Суљо со длабоки теманиња назадечки излегоа низ врата од салата, да го напише везирот светото решение, а Суљо да му го донесе на кадијата и да го насрчи да го заостри зулумот над Мариовците.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Почнаа да викаат за помош, се разбудија соседите, дотрчаа, започнаа и тие да помогаат, да влечкаат садови со вода, да гаснат; се фрлаше вода на пламенот кој сѐ повеќе се ширеше и ги зафаќеше сувите плотици од чардакот и се качуваше нагоре кон одаите; коњот исплашен во кералот, напна на оглавот, го скина и излезе низ запалената врата бегајќи и 'ржејќи панично.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога излегоа низ порта, Чакарвелика зад нив трипати се прекрсти за здравје на децата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Господ нека ви е на помош, - рече Чакарвелика, се прекрсти со главата подкрената кон небото и излезе низ порта.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Можеше да почувствува како студот влегува и излегува низ белодробните ограноци, кои како да беа исполнети со снег.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Инаку како да се објасни и самата помисла да се излезе низ отворен прозорец и тоа од трети кат?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем и не сум сигурен дали сето ова го размислував или го говорев?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влегов таму низ тесното вратиче што води кон измачувањата и излегов низ истото тесно вратиче зад кое останаа десетици и стотици кои не сакаа да погледнат кон вратичето низ кое излегов јас.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- и излезе низ порти надвор.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Мислам дека душата, сосе дробови, ми излезе низ устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)