излезе (гл.) - токму (прил.)

Иако мислевме дека оваа операција ќе оди мошне брзо, излезе токму спротивното – дека барањето работници кои се спремни отворено да проговорат за своите маки, барем во македонски прилики, е прилично комплицирана работа, главно поради присутниот страв на работниците „да не им се случи нешто“ во иднина, нив или на нивните најблиски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Толе се одмори кај посестримката Неда до кај ужина, Бојко и другите другари кај Босеа, та станаа, и уште со видело ги нарамија пушките и сакмиите, си го кладоа во торбите печеното мевце, мазниче,што им остана; Толе си го јасна Белчета и излегоа токму нагоре по дирите на муљазимот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сите се чудеа на оваа постапка. Излезе работава не муљазимот да го бара Толета, ами Толе него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И реков дека има и други лажици, нив не треба да се мачиш да ги преполнуваш а кафето ќе излезе токму такво какво што го посакуваш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она, кога му рекол на несреќникот Васе Пегланиот: колку ќе донесеш толку и ќе носиш мој Васе.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттука па натаму престанав да ги прецедувам објаснувањата на Ѓурѓија бидејќи наеднаш ми наиде на ум зборот на Синесие кројачот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби овој штрк излегол токму од легендата, си помисли Татко.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Бреда - тоа е нејзиното име, Бреда Друнхил, на самиот звук на нејзиното име се топев - Бреда беше поинаква.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да бидам искрен, никогаш не ми се допаѓала идејата за вечера и кревет по три пијалока, и девојките што се однесуваа како да биле во затвор шест години и излегле токму на време да се нашминкаат и да скокнат во твојата кола.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Конечно, по две недели од патешествието во Рајнбек, таа ме повика во својот стан. На пијалок, рече.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)