излета (гл.) - срце (имн.)

Киријаз се бришеше од плунката што мирисаше на застоен воздух меѓу расипани заби и гледаше како и играат градите, како ѝ се отвора, меѓу двете петлици на фустанот, панделката од чипка, и мислеше дека од тој отвор со лик на очајна уста, од меѓу засушените гради ќе ѝ излета срцето, ќе се распрсне, ќе го облее со крв која сега сигурно не е крв туку отров за човекот што стоеше пред неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)