излета (гл.) - низ (предл.)

Неколку утки исплашени првнале и излетале низ покривот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Доста досаѓаш, досадна една! Ме мрзи сега да одам по наполитанки!“ - ѝ рече Ѕ на цимерката, која со лутење излета низ вратата велејќи дека ќе си купи сама.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сум видел како од автомобили што врват по улиците излетуваат низ отворените прозорци: хартии, празни кутии од цигари, кори од банани, од лубеници...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој ден Сократ излета низ отворениот прозорец и веќе не се врати.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Дури кога сторив крст на градите и погледнав кон иконата чудото прекутрупа излета низ прозорецот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зошто не излета низ отворениот?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И во стравот што се нашла во затворен простор, место да излета низ отворениот прозорец крај Мил, таа удри на другиот, затворениот, и од ударот се ошемети и падна на первазот од рамката; ѝ пријде Мил и виде каде што претка со нозете превртени на грб.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И потоа, целиот кревет, со отец Лаврентиј излета низ прозорецот, уривајќи го ѕидот и исчезнувајќи во далечините, таму каде што веројатно се спојуваат небото и земјата во темно, ноќно ветно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
4. Библиотекарот Филип Филиповски лежеше врзан за креветот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Доаѓаа лекари, му даваа инјекции од кои му доаѓаше сон на очи и целата снага му снеможуваше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)