измери (гл.) - и (сврз.)

И тогаш мерејќи ја големината на љубовта и стравот што ми ја здрвуваше крвта ја измерив и острината на сечилото за птицата во нејзиното грло.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
- Кога ќе дојде царскиот инженер? - го прашуваше коџобашијата командирот на турската полициска станица.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тој разбрал сѐ, сѐ измерил и дошол до заклучок дека ништо не е важно: сѐ е оправдано од крајната цел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ја советуваа да држи диета, да пие лекови и тревје за слабеење, да се движи, да работи, но пак ништо не помагаше, ја ставаше Дукле на вагата да ја измери и гледаше дека се здебелува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
После да се измери и да се закачат колчиња и дури потоа да се почне со работа. Без да мине главниот турски инженер, ништо не бидува.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Градоначалникот си ја измери и „личната одговорност”, доколку козарите си заминеа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)