измие (гл.) - глава (имн.)

Кога му кажав зошто сум дојден, го пушти Килета, ама не пропушти да ми рече: - Мајка ти да не знае поубаво од мене да му ја измие главата?
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Паметам како приквечерта, додека мајка ми в огниште го ставаше котелот да зоврие вода за да ни ги измие главите, баба ми ме прати да го викнам Килета на поп Донета, мајка ми нему да му ја измие главата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мајка му носи преслека и му топли вода да си ја измие главата, снагата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- На раат нека си ги измие главата и брадиштето- рече баба ми сожалувајќи го попот со самохраното синче.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
„Ќе си ги измиеме главите“, додаде друга.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)