измоли (гл.) - да (сврз.)

Некои отишле кај Контрашенко и го измолиле да нѐ пуштат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само — чат, пат — нешто ќе одмемолат, некој збор ќе измолат да го кажат. Сега, што?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одеше во предилниците и ткајачниците, и ги убедуваше жените да ѝ се придружат во борбата за исти права со мажите, за право на глас, и за можност за политичко дејствување, а полицијата ја приведуваше; ја осудуваа на лежење во самица сѐ додека брат ѝ не измолеше да биде ослободена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш некако, кој знае како, го измолив да појдеме во Росуље.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нејзините фотографии се појавуваа по весниците поврзани со зборот анархија, беше упадлива по својата неупадливост – наместо деликатните фризури на тоа време нејзината коса беше едноставно кратка, наместо фустаните со тантели, машни, вештачки цветови, и ленти, беше првата жена во Виена која носеше панталони.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)