изрази (гл.) - желба (имн.)

Таа брзо му ги стисна врвовите на прстите, но не како да изразува желба, туку како да бара разбирање од него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Именуваниот ја изрази желбата и посака да биде наш придружник...).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пиеа и разговараа некое време, повеќето на заеднички теми, сѐ додека најпосле Ливајн не изрази желба да види како изгледа крајбрежјето под небо без ѕвезди.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Уште повеќе се расположувам, толку многу што дури сум спремна да не правам проблем ако татко ми и брат ми изразат желба да останат со нас во дневната соба. Ама, не се случува така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа Неговото Величество изразило желба да го чуе како свири на оргули.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Кралот бил восхитен од умешноста со која неговата сопствена тема била отсвирена на импровизиран начин, и, веројатно со цел да види каде се границите на таа умешност, изразил желба да чуе фуга во шест гласа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Сакаш да речеш дека Таша изразила желба јас да ѝ го подготвам сандакот? - се правев невешт.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И идентификацијата изразува желба: желба да се доведеш во однос со некого или со нешто што е различно од тебе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дарвиш изрази желба еден ден да го чита овој роман...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги спасуваше своите чеда од историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)