изрече (гл.) - глоба (имн.)

За истиов сторен прекршок ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР на работодавач–физичко лице; а 7.000 ЕУР на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот (чл. 264, ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А глоба во износ од 1.000 ЕУР ќе се изрече на самото место за сторен прекршок на работодавач-правно лице, ако редовниот и вонредниот отказ на договорот за вработување не биде изречен во писмена форма и содржина и не биде врачен согласно со овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
6.  Глоба во износ од 15.000 ЕУР во денарска противвредност ќе му се изрече за сторен прекршок на работодавач- правно лице; а на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот ќе му се изрече глоба од 7.000 ЕУР – ако откажувањето на договорот за вработување е извршено спротивно на овој закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на 234 Собранието на РМ, претседателот и членовите на Комисијата за заштита на конкуренцијата ги именува и разрешува Собранието на РМ, за период од пет години со право на повторно именување (чл. 27, ст.1 од ЗЗК).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3.  Најчестата злоупотреба во сферата на трудовото право кај нас е тоа што огромен број лица кои de facto се „работници“ de iure немаат склучено договор за вработување (кој е регулиран во ЗРО) туку ваков договор за дело (кој, пак, е регулиран во ЗОО) – па, бидејќи тоа им е поевтина варијанта на работодавачите, овие т.н. „хонорарци“ не ги уживаат правата кои би ги имале како „вработени“ лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Според ЗОО, со договор за дело вршителот на работата [претприемач, изведувач] се обврзува да изврши определена работа – како што е изработка или поправка на некој предмет или, пак, извршување на некоја физичка или интелектуална работа и сл., а нарачувачот се обврзува за тоа да му плати надомест (чл. 619, ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лицето кое го прибавило предметот или правото за кое тече парницата може да стапи во парницата наместо тужителот, односно тужениот, само ако со тоа се согласат двете странки (чл. 185, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Комисијата за одлучување по прекршок, на претпријатието, односно здружението на претпријатија, со решение ќе му изрече глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка, ако: 1) склучи забранет договор или на друг начин учествува во договор, одлука или усогласено однесување со кои се нарушува конкуренцијата...; 2) стори злоупотреба на доми- нантна позиција... (чл. 59, ст.1, ал.1-2 од ЗЗК). 3.  Со договорот за друштвото [со ограничена одговорност] може да се определи сите или одделни содружници [а не ‘вработе- ни’!] да се обврзат да дадат дополнителни доплати над износот на влогот само кога е тоа потребно за покривање на загубите или за привремена неопходна потреба од парични средства (чл. 191, ст.1 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Глоба во износ од 800 ЕУР ќе се изрече на самото место за истиот овој сторен прекршок и на работодавач-физичко лице; а, пак, на директорот, односно друго одговорно лице кај работодавачот, на самото место, ќе му се изрече глоба во износ од 600 ЕУР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако, пак, работодавачот е физичко лице, нему ќе му се изрече глоба во износ од 10.000 ЕУР (чл. 264, ст.1, ал.10 и ст.2-3 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше додаден нов чл. 265-а, кој предвиде нови казниви поведенија за кои се изрекува глоба во висина од 1.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, 500 ЕУР за директорот или одговорното лице и 800 ЕУР за работодавачот – физичко лице (чл. 42 од ЗИДЗРО/ септ.10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
По добивањето на прегледот, работодавачот кој е обврзник за пријавување на податоците, е должен веднаш на осигуреникот да му го достави прегледот во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци. (чл. 9 од ЗИДЗПИО/јул.14) Доколку работодавачот не постапи согласно оваа обврска ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. (чл. 10 од ЗИДЗПИО/јул.14) 55 Оваа небулозна, антиработничка и противуставна одредба, после масовните протести и изблици на револт кај оваа категорија на (прекарни) работници и пошироката јавност, конечно беше укината со чл. 1 од ЗИДЗПИО од јули 2015 година. 61
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Три години потоа, со првата измена на ЗРО (2005), од август 2008, кај овие „помали прекршоци“, чиишто број сега од шест се зголеми на седум, ако работодавачот е правно лице – ќе му се изрече глоба во износ од 1.000 ЕУР, а ако е физичко лице – глоба во износ од 800 ЕУР (чл. 27, ЗИДЗРО/авг.08). А, пак, директорот ќе биде казнет со 600 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај тоа, воведена е можност, за овие прекршоци, на работодавачот на самото место да му се изрече глоба во износ од 500 евра во денарска противвредност, при што поканата за плаќање на глобата на сторителот на прекршокот му се врачува на местото на прекршокот (чл. 3, ЗИДЗАПВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, со првата измена на ЗРО (2005) од август 2008, на работодавач-физичко лице, за сторен прекршок, ќе му се изрече глоба во износ од 5.000 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Па, така: •  на работодавач- правно лице, за сторен прекршок таксативно наведен во законот, ќе му се изречеше глоба во износ од 8.000 ЕУР (чл. 26, ЗИДЗРО/авг.08).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, само по неколку месеци, со втората измена – од декември истата 2008 година, се предвиде дека, во оваа ситуација, на работодавач кој е правно лице, ќе му се изрече глоба во износ од 15.000 ЕУР (чл. 8, ЗИДЗРО/дек.08); •  за прв пат е воведен и нов член, 266-а, кој предвидува дека – ако трудовиот инспектор утврди дека е сторен некој од наброените прекршоци, должен е на сторителот на прекршокот да му предложи постапка за порамнување и посредување, согласно со Законот за прекршоците (2006) – чл. 29, ЗИДЗРО/авг.08.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)