изјавува (гл.) - дека (сврз.)

По изрекувањето и доставата на пресудата, не е покрената жалбена постапка од тужената [незадоволна] странка, но „Охис Пласт М“ одбиваше доброволно да ја спроведе веќе правосилната и извршна мериторна одлука во пракса – па пресудата мораше да биде спроведена присилно, преку извршител (Б.Кипровски), за што работодавачот плати и дополнителни трошоци, како и не така мала извршителска награда согласно Извршителската тарифа. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Запрашан околу тоа дали тој повторно би тужел, доколку во иднина му биде повредено некое право – Х.Џ. со право изјавува дека, од денешна перспектива, многу важен услов за покренување тужба е тоа колку ќе биде самиот тој, економски и психички силен тоа да го стори – затоа што одењето на суд е голем луксуз и голем стрес.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Кукулев е за одбележување затоа што подоцна тој делуваше инспиративно и за другите вработени во неговото претпријатие – кои го следеа неговиот храбар потег и, исто така, поднесоа тужби против Радиото!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кукулев, кој досега има учествувано и во неколку работнички штрајкови, решително изјавува дека и во иднина повторно би тужел за да си оствари некое свое право од работен однос – во случај тоа, евентуално, да му биде повредено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Веќе во прологот, Тесауро изјавува дека надарениот со остроумност се разликува од плебеецот; таквиот најнапред раздвојува а потоа спојува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Како да ти се моча, од сосема разбирливи, природни причини, но ти да изјавуваш дека од општествени причини не ти се моча; беше тоа еден вид противприроден, но затоа, општествено пожелен блуд со самиот себеси.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И читаш: “ Јас долупотпишаниот, по своја волја, свесно и без принуда, пред надлежните власти изјавувам дека се откажувам од комунизмот”...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сепак, било премногу доцна – Џон Лок веќе изјавувал дека дури и религијата мора да биде рационална, а Томас Хобс го толкувал лудилото како грешка во мислењето предизвикано од дефект во телесниот механизам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И покрај тоа, прифатилиштата за лудаци и натаму изгледале како мачилишта за злосторници: во двете најпрочуени, Салпетрије и Бисетр во Париз, болните биле чувани како животни, некои од нив и во подземни ќелии, со синџири околу вратот, по казна врзувани на столбови на срамот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)