има (гл.) - десет (бр.)

Па сепак, прекрасниот Чифте-амам му припадна на чичко му Иса, најнапернатиот од сите, кој не веруваше никому, и кој имаше десет очи и десет уши.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И во прво одделение тргна последен, кога имаше десет години.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Значи, имаме десет стапчиња. Замислете си дека тоа се стебла во некоја голема шума, а секој од вас е дрварче и ќе кутнува едно по едно.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Кога тргнав да одам да слугувам кај Ризван-бег, имав десет години. Мајка ми спреми една бовча и се затскриваше да не покаже жал.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во Сарајов имаме десет амами, ама таа нели со придружбата сака во вторниците да се капе во Чифте-амамот? Женски муабети, кркотења, и такви работи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А уметност имаш! Глупости. Бедната Словенија, така ли, австрискиот привезок, има десет пати поголем бруто производ од макетонецот, но ние имаме уметност... Margina #19-20 [1995] | okno.mk 55
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Па оттогаш има десет години.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беше, како и секој пат, облечен во неговата доземи долга бањарка за која што баба ми Санда, мајка му, тврди дека му ја купила кога тој имал десет години и дека ја има зачувано сѐ досега само затоа што била изработена од многу квалитетен фротир што денес веќе не се употребува.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)