има (гл.) - десетина (бр.)

Имавме десетина овци и кози и произведувавме сирење, но ние јадевме урда и матеница, а сирењето го продававме за речиси ич пари...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Имаше дестина соби така да имаше доволно место за сите.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Јас не знам дали имав десетина години, а Давиде беше, речиси, момчарак, ама ништо не му помагаа годините.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Девојчето може да има десетина години, едно од оние деца што брзо се извишуваат, па се слабечки и нежни.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)