има (гл.) - осумнаесет (бр.)

Откако тој се врати од болницата во својот виенски дом на улицата Шонлатерн, секое утро излегував од дома велејќи дека одам да читам во библиотеката, оставајќи го зад себе префрлувањето на мајка ми дека моите врснички по цел ден остануваат дома а излегуваат само со своите мајки, или некој друг повозрасен член од семејството, за да не си го нарушат угледот кај договарачите на бракови.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас дознав кога имав осумнаесет години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тогаш, кога стоев крај неговиот болнички кревет, Рајнер Рихтер имаше осумнаесет години, а јас имав две години повеќе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оставив да се грижи Јордан Илиев, момчето на ќерка ми Менка и Санде, синот мој, тогаш имаше осумнаесет години.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Еве, Циљка има осумнаесет, а Мита деветнаесет...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Јас во себе рачунав. Кога работев о пер во нивното семејство јас имав осумнаесет, а тој дванаесет години.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)