има (гл.) - три (бр.)

Инаку, во моментов, има три полициски синдикати кои го покриваат неговиот сектор, но –  според него –  ниеден не е реално активен во однос на правата на работниците, првенствено поради политичките влијанија и притисоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
3 Б. Н. сега, а и за време на споровите, е член на една синдикална организација и на едно здружение на бранители, но воопшто не е задоволен од поддршката која ја има и планира да се откаже од членството во синдикатот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа беше место каде имаше три кладенци.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Татко ми насети каде оди мислата на шефот, па не се излага: – Вие, ако не се лажам – продолжи шефот – имавте три кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Нашиот учител имаше три деца и една козичка, Мила.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Рецептот е мој. Има три состојки, а јас го ’измислив’ само румот во него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа застанав пред еден споменик кој беше изделкан од камен и на кој имаше три камени вазни, сите полни со свежи црвени каранфили.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Биди маж! Ако имаш три чисти запали пред тато и мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако имаше три чисти да се прчиш пред другарите, дека Анче од VIб тебе те замолила да ѝ се запишеш во лексиконот - и тоа си го сторил мошне успешно - сега имај три чисти да ја гледаш мама в очи и сè по ред да ѝ раскажеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Потоа дошле и стрина му и чичко му и другата тетка и татко му и сите биле многу радосни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Ајде, и гледај ме право в очи.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Подлец си... Скришум пушиш! - си зборував.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
- Нема бегање - си помислив - нема гледање низ прозорец како во канцеларијата на директорот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Новороденото сестриче имало три кила и двесте грама и било долго педесет сантиметри.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера, кога се вратил дома, мајка му веќе била отидена на клиника, а го пречекала тетка му.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но, немав смелост да ѝ ја кажам вистината.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
236 Во текот на припремите за операцијата Хелиум поради недостаток од оружје и воена опрема, а како резултат на големиот прилив на нови борци, било одлучено од страна на мисијата Spike “сите пратки од оружје и муниција за Македонија ќе одат за Brasenose кој има три илјади невооружени повторувам невооружени луѓе.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Херодот ни опишува еден од најстарите, во Египет: има три илјади простории, а во речиси непристапната средишна комора закопани се кралевите и светите крокодили.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Инаку, човекот, според Хундертвасер, има три кожи - со првата е роден, втората е неговата облека, а третата е фасадата на неговата куќа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кога се раздени и се разбуди, виде дека освен леглото во ќелијата има три слепи ѕида, а на четвртиот беше вратата и прозорецот до неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој беше весел и уште од вратата викна: - Имам три карти за кино! Пригответе се, одиме веднаш!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Има три мали пенџериња (едното гледа на југ, на дворот и гумното, другото, западното, преку сокакот на авлијата и во портата Јаузоска, и третото гледа на север на сретселото: четвртиот, источниот ѕид е внатрешен и ја одделува одајата од другите простории во куќата која е сета на едно рамниште - приземна) и сите три се зарешетчени со железни прачки дебели колку прст.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И тој ѝ соопштил: дека има укор пред исклучување од Партијата и дека има три месеци време да покаже дали ѝ е лојална на Партијата или не.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А тие што воспоставувале машки геј-културни идентификации честопати тие идентификации ги опишуваат како инстинктивни, природни, некалапени од општествените ставови и предрасуди, како упорна, истрајна страна на нивното личноствување, длабоко вкотвена во нивниот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не знам“ (210).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вил Фелоус собрал многубројни речовити лични сведоштва за тој ефект, документирајќи ги и силината и сеприсутноста на таквите перцепции, со особен осврт на историското конзерваторство и архитектонското реставраторство: „Уште како дете, кога растев во неугледна фарска куќа, имав око за поинтересните и попривлечните градби“ (29); „Геј-мажите се многу усетливи за убавина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби е тоа лит стереотип, но верувам во него – просто знам“ (30); „Се вљубувам во старите градби и во приказните за луѓето зад нив уште откога бев дете“(51); „Кога бев дете, многу ме интересираа зградите и архитектурата“ (61); „Мислам дека сум генетски предодреден да бидам колекционер“ (70); „Мајка велеше дека првото богатство сум си го донел дома кога имав седум години“ (99); „Дури и кога бев дете, цело време сакав да поправам работи“ (111); „Уште од како паметам, ме фасцинирале куќи и ме фасцинирало тоа што се случува внатре“ (118); „Уште кога имав три години знаев дека ќе бидам уметник“ (131); „Компулсија е тоа или опсесија?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За тоа што се случило од палењето на фитилот до експлозијата има три верзии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одломката од Џојс е идентификувана: потекнува од Портретот на уметникот во младост, и гласи вака: “чувството на страв од непознато го допре срцето на неговата досада, страв од симболи и знаци, страв од човекот налик на сокол чиешто име го носеше полетувајќи од своето заточеништво на крило исплетено од врба, Тот, бог на писателите, кој со трска пишуваше врз таблица и на својата тесна ибисовска глава носеше рогата месечина.”
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Пред третото поглавје од првиот дел на „Платоновата фармација“, во Дисеминација, Дерида има три епиграфи, два од Борхес и еден од Џојс.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Околу нозете носеше метални апарати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара беше една година постара од мене, и имаше три години постара сестра, Берта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имале три деца - два сина и една ќерка. Ќерката по име Анастасија била многу убава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Има три први одделенија. Дали знаеш како се вика вашата учителка?“ „Знам. Се вика Милица!“
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Шетајќи бавчанџијата низ бавча, го видел момчето кај што беше се стуткало како некое сиромавче.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Земи 'и синко, овците - му рекол старио - и отерај 'и да 'и пасиш, оти прегладнеа, чунки одамна не биле на пасење и сегде да 'и пасиш, само на самовилцката планина да не 'и носиш, оти има три самовили што ми 'и зедоа очите мој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Шо стана, бре, има три години нема лаф да прајме со тебе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушај вамо, момче - му рекле - ај ние да се ватиме со облог: ти ќе ни свириш со шупелката и ние ќе играеме; ако н¯ натсвириш, што сакаш ќе ти даиме, а пак ако те надиграме, ќе ти 'и земиме обете очи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Летнал коњо една вечер со него и го однесло во бавчата од цареа ќерка, од помалата; чунки царот си имал три ќерки и сите три си имале по една бавча и во секоја бавча по еден бавчебанџија, да му 'и работит бавчите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Од срце“. Така се зборуваше низ Автокоманда кога најмалиот, со име од една приказна за деца (во која тој имаше само сестричка), имаше три, а најголемата дада тринаесет години.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас тогаш го заклав едното коковче. Имав три со петлето, а сега останаа уште две. А ги чував за некоја поголема мака, ама кога видов дека сѐ земаат, го заклав. 106
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Беше убаво облечен во црно, имаше три проѕирни лица едно врз друго, секое убаво на свој начин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сега Надењка е веќе омажена; по волјата на родителите, или пак по своја волја, – тоа е сеедно – за секретарот на благородничкиот фонд за старателство и веќе има три деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А мене сега, кога станав повозрасен, веќе не ми е јасно зошто сум ги кажувал тие зборови, зошто сум се шегувал...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ми го раскажа следново.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Има три видови страст. Тоа се емотивна страст, како најсилна и највлијтелна, интелектуалната, малку поневажна и, на крај, физичката страст.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас имав три чисти среде славната Сорбона да ја кажам, поткрепена со научни аргументи, вистината за советската социјалистичка педагошка школа, и да ме прифатат за доктор на науки, а овде ми ја одзедоа универзитетската катедра за педагошки науки, ме тупнаа во свирепиот затвор со обвинение дека сум бил информбировец, пропагандист!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Патот до топлото одајче на тетка Асја имаше три скали, така таа го нарекуваше посредувањето со оние кои точно знаеја кои се тие три скали и, што беше особено важно, знаеја колкава е цената за да се минат.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дворот на Прифатниот центар беше голем, имаше три нивоа изделени со потпорни ѕидови: на првото ниво беше главниот влез со објектот за сместување на жените и малиот ресторан, на второто ниво на двете страни, под високите ореви се наоѓаа приземни лимени магацини, а на третото ниво, на самиот врв од заградениот простор со талпи, на работ каде што започнуваше боровата шума, беше поставена мала барака, позната како осматрачница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Јади колку сакаш Алек, има три ќофтиња, ако треба ќе испржиме уште помфрит, само кажи!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
3. О'Брајан рече: „ Твојата ре-интеграција има три фази.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во ѕидовите на неговата полукабина имаше три отвори.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Обично структурата и е ваква: има три последователни групи од пет, па седум и пак пет слогови.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И таман Митра си имаше три машки деца и две девојчиња.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се позами, се позачешла — колку да му помине апешот во главата — и си ја зеде торбичката велејќи си сам за себе: — Требе порано да се оди, оти литургијата трае два саати (ако не ги прескокне половината молитви, што си имаше обичај), утреното еден, а после . . . ете има три четири кршчења, секое по черек саат, некој и друг парастас .. . денеска ќе се има баја работичка, — и пак си промрмори, навраќајќи долу Катината улица: — Нека даде господ, нека даде: кршчење, венчање, венчање, па и умирање!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само што Анѓа не беше толку очајна како Сирма, зашто имаше три деца, та се надеваше белким некое од нив ќе најде живо ако се врати.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Еве на пример, младиот Лен Вајсмен: две години помлад од мене, има три филма исто ко мене, својот прв филм го снимал кога јас сум го снимал својот последен... само што неговиот прв филм е мега-хит, вториот му е уште повеќе мега-хит, а неговиот последен филм е супермега- хит!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ние обајцата тие „формативни”, постадолесцентски години ги минавме во таа на некој чуден начин дури и либерална СФРЈ, купувавме плочи, најнови книги, имавме три премиери неделно во кино...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Те фура на ентузијазам новава состојба или си резигнирана?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Од кога? - Има три недели... - Од што? - Не знаеме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Веднаш зад влезот имаше три реда столови.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Момченцето имаше три години и говореше за крв.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Воскресија и Кољо имаа три ќерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Кога се враќав лут, откако ми ги зедоа парите, кај Петковото анче имаше три германски камиони. Германците внатре пиеја ракија.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во животот има три работи од кои најмногу страдаш: Колку повеќе сакаш да му се приближиш на Господа тој толку повеќе се одалечува од тебе; Колку повеќе ја запознаваш жената, сè помалку ја знаеш - и замолча.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тетин ми ги вклучи попладневните вести на телевизија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурен бев дека тетка ми два дена готвела - имаше три вида различно месо - телешко, свинско и јагнешко и два вида компири во рерна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ви благодарам за прекривките, за вашата благородна мисла, која не престанува да ме следи во овие тешки времиња во потрага по спокој за пишување. Ваш Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Роже Кајоа, сакаше да н разувери во вечноста на книгата, велејќи ни дека книгата, уште од клинестото писмо на кое беа пишувани закониците на Хумараби, има три илјади годишна историја, која сигурно ќе продолжи и во новите милениуми. Така ни говореше Роже Кајоа...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Се работи за една епизода од вашето детство кога вие ја прашувате вашата мајка што е душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На располагање имаме три батерии ридска артилерија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нам ни рече: - Под тремот зад вратата има три котлиња тенекиени и две лопати.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
СИМОН: (Пее) Шест месеци пол година, пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
СИМОН: Шест месеци пол година пет прсти рака има четири боски крава има три нозе пирустија две очи глава има еден ми е билбилот што рано рани мај месец. (Пауза.) Мајчице моја. (Пауза. Влегува Мими со Стево.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Во него имаше три златни шипки, зацврстени со контактен цемент.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Теорија на Шемите Погоре зборував за тоа дека когнитивната наука има три компоненти: вештачката интелигенција, теориите за мозокот и когнитивната психологија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бил многу напредно дете. Имал три години кога баба ми требало да му однесе ручек на дедо ми Тасе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога се запишував имаше три смера: Администрација, Правосуден и Применета политика и дипломатија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)