има (гл.) - шеснаесет (бр.)

Денес кога размислувам за филмовите на Енди сѐ уште ме фасцинира едноставноста на изразот, но и чувството што се провлекува низ нив, на нешто кое се обидувате да го фатите, но не можете бидејќи тоа секојпат необјасниво ви бега.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои групи: Pond, Ride, Sugar, Plywood, Codeine, Seam, Pavement, Come, Superchunk, Swell, Hole, Cell, Bum, Olivelawn, Ween, Suede, Fudge, Wool, Unrest, Unsane, Belly, Quick- sand, Milk, Dustdevils, Paw, Lush, Fur, Lunachicks, Morphine, Acetone, Mudhoney, Crust, Smudge...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кога имав шеснаесет години филмовите на Ворхол ги сакав онолку колку и панк рокот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Внатре беше мојата фотографија. Снимена еден летен распуст. Имав шеснаесет години. Со плетенки и јагне во прегратката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Млада е, да има, да има шеснаесет години.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
“430 Е, па, освен ако баш не ѝ се радуваме на хмурната можност остатокот од животот да висиме по негеј-храмови, одговорот на прашањево сигурно ќе биде едно громогласно да.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Скот Џејмс се закачува за еден дваесет и тригодишен магистранд на Стенфорд со магистратура по компјутерски науки, кој живеел во геј-студентска зграда на Стенфорд и кој веднаш откако магистрирал се преселил во маалото Кастро во Сан Франциско; колку повеќе друштвениот живот се врти околу суштествувањето како геј, тој толку повеќе инсистира на небитноста на суштествувањето како геј, исто како што тоа што се аутирал кога имал шеснаесет години било начисто „ненастан“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Грајндeр (Grindr), една апликација за смартфон што ги поврзува геј-мажите преку ГПС според близината, во Сан Франциско има над 25 000 корисници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во согласност со вечното одрекување од важноста на геј-идентитетот е постојаното негирање, особено од страна на геј-мажите, на важноста на геј-сексот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И им го раскажал крајот на настаните од времето на Проказниковата дружина: ако преживее, ќе испече брав и ќе ја прослави победата, потоа ќе седне во манастирска ќелија и, одржувајќи го животот со танко, селско винце, ќе ја доиспише историјата од онаа илјада осумстотини триесет и петта година: како со децении да собирал искинати и расфрлени парчиња од писмо, некако сепак го дознал крајот на настанот по смртта на Лозан Перуника што се простил од писмениот човек во мантија во времето на Балканските војни ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Колку години имаш?“ праша. Ѝ кажав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Еден ден по свети Илија и Ганка ќе има шеснаесет.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тешко говорам, оче Доситеј. Пред неколку дни, погледни, во устава ми жугнаа нови заби и почна моето второ детство како некогаш, кога имав шеснаесет години, што почна староста на мојата младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, бидејќи по тефтерот од аџи-Јанета имаше шеснаесет водачи, тој врза тринаесет мажи и две жени и токму погоди: Анѓа со мажа и Стојана и Сирма со мажа и Јована.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Кога имав шеснаесет, играјќи рагби едно подмрзнато саботно утро, го повредив зглобот од левата рака на мразот, добивајќи фрактура на осум места.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)