има (гл.) - зададе (гл.)

Неговата ќерка сепак беше негов пациент; му ги соопштуваше своите тајни, надевања, соништа и копнежи, согорувајќи ги пред да станат вистински копнеж по кој би тргнала, и со кој би се одвоила од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со неа го прекрши и железното правило кое го имаше зададено за сите психоаналитичари: пациенти не смеат да им бидат нивните блиски, сеедно дали им се родители, сопружници, браќа и сестри, или пак деца, затоа што тоа би отворило можност за манипулација во секојдневниот живот, а самата анализа би претрпела неуспех.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)