има (гл.) - каже (гл.)

Не само што Мојсеј го прогласуваше за “угледен Египќанец – кој можеби бил принц, свештеник, висок намесник”, туку и Евреите од тоа време ги опишуваше како спротивност на Мојсеј - “доселени, културно заостанати дојденци.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ”; така почнуваше „Мојсеј и монотеизмот“, и со таа реченица брат ми ја имаше кажано целта на тоа свое дело: да го одземе Мојсеј од својот народ, да докаже дека Мојсеј не е Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Ајде де! Тоа не сум го измислила јас. Тоа го имаат кажано и многу други пред мене.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Само што ова не е ручек, туку живот,” реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Знаете што има кажано мојот дедо Јохан за иронијата: таа е зрното сол без кое не би можеле да уживаме во тоа што ни е принесено на трпезата.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И Чакарвелика знаеше дека веќе треба да има каже, но не знаеше како.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)