има (гл.) - купи (гл.)

Се оттргнуваше од таа занесеност кога до неа допираа, како далечно шепотење, зборовите на дедо: - И кога дојдов до претсело, враќајќи се од пазар во Костур, каде за секого купив подароци, тогаш истрча тоа пусто куче на Нановци и гав од тука, гав од ваму, јас брани се со стапот, ама тоа а да ме касни, а да се фрли врз мене, пат не дава да поминам и јас, видов не видов, му го фрлив фустанот што го имав купено за Циљка и така си дојдов дома жив и здрав и вас ве најдов уште поздрави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кристални чаши. Од приборот што на времето јас го имав купено од Карлови Вари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Има купено кофи“, рече од ќошот Џорџ Шумка. Јас навистина имав купено пет кофи, готови сосе ортоми, за во потребниот момент, веднаш луѓето да можат да се послужат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се поздравија, тој веќе имаше купено карти и веднаш влегоа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Зошто за момчево имаш купено половина билет, како божем да е помал од 12 години? - му се вдаде кондуктерот на дедо ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Таа му беше десна рака на татка си кој, пак, ѝ имаше купено пиштол за да може самостојно да се движи и без страв.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се гледа дека во вашиот живот сте фрлиле многу повеќе капи отколку што јас имам купено.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Првото, дали љубовната напивка, вашата љубовна напивка се однесува и на Вас?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
се фаќа за носот и повраќа, некој снебивлив и кревок човек, ние одиме и смрдиме, ни смрдат алиштата, ни смрди и дишењето, душата, одиме меѓу пушки и штикови в затвор, а таму - пак сослушувања, нови премрежиња, кај ви се пасошите, ни велат, ги фрливме в море, велиме, од страв да не бидат откриени, велат, не од страв, туку од радост, велиме, не можеш со ѕидон да се разбереш, ние кажуваме едно, тие прашуваат друго и ништо не помага, нѐ осудуваат на смрт со стрелање, мене, Стевана Докуз, Илија Јованов, Добри Закоски, Јоше Богески и Силета Плевнеш, Стеван се тресе, го собира срцето ко полжав роговите и олкави солзи му се тркалаат по образите, му паѓаат в уста, а тој само шмрка и ги подголтнува и идат две војничиња со муцки од глушец и со ситни очи како топуски и ни собираат сѐ што имавме купено: чевли, шапки, палта, панталони, обетки и прстени за жените, џепни сатови, пари, сѐ, еден зема, другиот ги собира на една мушама, ги подврзаа плачките и ни даваат белешка, што зеле, ја подврзуваат мушамата со крајовите, ја креваат и си заминуваат, отиде печалбата наша и седиме, никој не заспива, од утре ќе имаме напретек време за спиење, уште една ноќ живот, си светкаме со очите и прашуваме кој го фрли прв пасошот,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)