има (гл.) - преживее (гл.)

Закопувањето го обавуваше клисарот Нестор кој веќе во војните ја имаше преживеано чумата и не се плашеше од неа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Не само за тие мигови кога тетка Перса сочувствуваше со нејзината судбина, со нивната судбина, туку токму поради нејзината добрина Пелагија знаеше дека ќе мора да се отвори пред тетка Перса, ќе мора уште еднаш да го преживува она што го има преживеано.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Што ли имаше преживеано во логорот, веројатно на човека му беше страв и да помисли.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
А тоа време, иако поминато сред луѓе, иако подобро гледан, дедо Иван го имаше преживеано како да беше на робија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)