има (гл.) - свие (гл.)

Кај која вдовица, кај која милосница гнездо имаш свиено?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Малечката Пелагија ги има свиено своите малечки раченца околу вратот на мајка си, само очињата ѝ се свртени на кај жолтокафеавиот Мурџо, кој, врти со опашката како со кадела, ги шета очите лево и десно, повеќе нагоре, како да се во некој нем разговор со очињата на Малечката Пелагија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)