има (гл.) - глава (имн.)

На Лазора, изненадеж, очите му пливнуваат во солзи, а потоа солзите прибликуваат и течат прудолу по лицето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор кој ја има едната, десната рака ставено на чело, над очи, и гледа накај Коритница, и Јосиф за кого не се знае дали спие или одшто е капнат од умор ја има главата потпрено на ѕидот и замижан гледа некаде во далечината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како што секојa од вас има глава, очи, раце, нозе и... да, така и пушката си има својa намена и делови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Доволно е што ја има на врат, барем да се гледа дека има глава, а што има во неа, знае само тој, кој му ја полни... со лутина рече Мита.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прстите на старецот си играа со мојата коса. Пламенот ми ги полнеше ноздрите со густа топлина а земјата под мене беше сува и тврда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш повеќето домаќини носеа околу ушите жолти или црвени шамии, некаква православна чалма што ги брани од студ, и така сите имаа глави како наголемен желад, плод од џиновски шуми какви што биле во најстарите времиња.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Понекогаш тие можат да забележат дека во воздухот скокаат, и пак кон водата се враќаат, позлатени риби, а едната од нив, најголемата, има глава и тело исти како оние на принцезата, само што, наместо нозе, има перки од риба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
За некои луѓе и празното добива облик – оттаму им се појавуваат сеништа и чудовишта, луѓе и ѕверови, незамисливи пејзажи кои разнежнуваат или ужаснуваат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)