има (гл.) - година (имн.)

— Mope, ме прелага младиот ѓавол, сестрице Митро, та ако беше угу старјот вапир, имаше години да поминат и пак не се видуаме со тебе, — ѝ одговори Доста.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Кога седнав ова да го запишам, во трето време, кога и јас ги имам годините на Караѓоз и Ване Мицо, вам лага, мене вистина, повеќе им верувам на сказните и приказните на моите раскажувачи кои веќе не се меѓу живите, зашто си верувам себеси и на ноќите со крцкавиот снег, и на играта на сенките, и на троглавата змија на амбарите, и на пагурчето со ракија, и на трепнежот на газиената ламба на таванот што ми беше свидетел за она што го слушаа моите уши.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Па, нели баба има години ко за баба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И насетувавме дека тоа е во некаква тајна врска со чудната болест на ќерката негова, која веќе со години (поради надвиснатото проклетство над нашето царство и над кобната одаја со едно нерастајнето слово во неа) лежеше болна од болест чудна, непозната, и искина толку постели колку што имаме години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Пред мене имав година и половина до јубилејот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јас, идиотот, само пред малку имав година и половина во резерва.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Имало години, старите тоа го слушале од татковците, кога по македонскава земјичка чумата собирала цели села и градови, во нив ни дете ни коте не останувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе се налапаат алчниците и ќе се растурат оторбешени, на сите страни носејќи ја на непца и во црева чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ти си најмалиот, а јас најстариот, и треба да бидеме како цврсти корици што ќе ги поддржуваат и штитат нашите сестри родени по мене и пред тебе.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Александар, кој во времето кога сликата беше направена имаше година и пол, подоцна се сеќаваше дека, кога малку потпораснал, Зигмунд му рекол, покажувајќи на платното: “Ние и нашите сестри сме како книга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше години како Мајка ме напушти и во соништата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)