има (гл.) - душа (имн.)

Брз, импулсивен, по малку конфликтен, а имаше душа да го собере целиот свет. Работлив, темпераментен и физички многу јак.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Правеше максимални напори да му ги намали болките.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Некакво сочувство буди лозјево, како да има душа. - Не е лошо да го заградиш. - Здравје боже.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Знам, таквите животинки се злосреќни.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И животинките имаат душа...“ гласно размислувам повеќе самиот да се оправдам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Таму заѕвечи и весело запеа среброто, како да имаше душа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Има душа, душо! Сѐ што не може да си го објасниме, а тоа не е малку.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеше и понатаму да појде во мислата, па да помисли: зошто и магарето не би имало душа, кога и човекот натоварен како магаре има уште нешто како душа?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
За него сѐ имаше душа и сѐ можеше да му биде соговорник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А гората, мој Бојанчо, има душа. Само не може секој да ја разбере. Не може...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога навидум се смири, ја запрашав: - Мајко, ти ми велеше еднаш дека секој има душа. А сега...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите тие со своите енергии зрачат наоколу, создавајќи разновидни услови, за да се створи жив свет на неговата површина и во неговата околина – зборуваше старецот. – Ридот има душа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
ФЕЗЛИЕВ: Има. За жал - има. Живата цел има очи, има душа, има глас, живата цел се приближува, а понекогаш во раката има и револвер...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Понекогаш и обичниот камен има душа, а понекогаш е мртов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да ги сакаш предметите, и тие имаат душа кога ќе им дадеш љубов.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Победникот однапред не се знае: секој збор има душа која никогаш не изумира!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обично се вели дека човек се надева додека има душа во него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Туку... гледа господ и секому ќе му даде според неговите дела. – He пцалај, прчу не пцалај... има душа, нема душа во нас.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не му се чекаше да потпораснат за да ги продаде некаде по пазариштата за робови, а да ги истепа или исколе сепак имаше душа во него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Нека ја земе сега алах мојата душа. – He дека има душа во вас та да ја земе Алах и господ!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Има, има - в темнината нешто живо пак да свети: има болка на душата има души наранети.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Кога навидум беше смире­на, ја прашав: – Мајко, ти еднаш велеше дека секој има душа. – Има, има, синко, но само ако ја заслужи, ако дојде до неа! – А како, Мајко, се доаѓа до душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И мораше да има душа што ќе го издржи силното бреме, макар што срцето постојано попушташе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имаше душа за сите наши страдања. А душата постојано ѝ се делеше при сите делби и заминувања..
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби и тие имаат душа", тврдоглаво продолжи тој.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тие имаат душа, тие имаат чуства, тие зборуваат, тие дишат, полни се со копнежи, сонови, надежи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тие болат, тие тажат, тие плачат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Па доста е. Па не е Симон машина. Па и Симон има душа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Полека го притискаше, не грубо, велеше дека и лебот има душа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)