има (гл.) - интерес (имн.)

Тој не мисли подобро ни за војсководците: “Оние што би требале да ја завршат војната, ја развлекуваат; имаат интерес да траат непријателствата бидејќи без нив нема доход ни пензија; за да не се најдат на улица по војната, се тетошат со непријателот”.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Зошто, ќе прашате? Европа има интерес да се зачува Турција, ете зошто ќе ѝ дава средства за да се зачува.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, во исто време, со својот јасен поглед за нештата, Гоце Делчев беше доволно предвидлив да сфати дека не треба да се мирува, т.е. да се работи само за организирањето и вооружувањето на населението, туку треба системно да се преземаат редица акции, со кои, без дури да се објави какво и да е востание, турската власт да се држи во една напната состојба, да се истоштува преку нанесување на материјални загуби, коишто не можеа да не влијаат врз внатрешната и надворешната политика на некои од големите сили што имаа интереси во Турција, одделно во нејзиниот балкански дел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се надеваме дека оваа јуристичка анализа изразена преку критичкиот осврт на трудово-правната легислатива на Република Македонија ќе претставува релевантна референца не само за работниците, кон кои е главно наменета, како подобро и поподробно би се запознале со своите права, туку и на синдикатите, катедрите по трудово право на универзитетите, невладините актери, пошироката јавност и сите оние кои имаат интерес за оваа проблематика.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако има интерес кај туристите ќе поставам нова. И имињата ќе ги врежам пак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
„Полека“, реков, „правиш предавник од него“. „Имал интерес“, рече Владе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ако има интерес за CD нек се фура, мене не ми пречи. Сфати го прашањето ко провокација, ха, ако сакаш.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)