има (гл.) - око (имн.)

Били имаше око за отпад; го снабди целиот Фектори со работи кои ги пронајде на улица.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој имаше голема колекција оперски плочи, мислам дека Ондин го вовлече во тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во секој случај, се сложија дека не го измислиле сојузниците.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ете, луѓе, работата што ја свршија Хаџи Ташку и дружината, ние му ја претставивме на небето, по тоа сѐ тики има очи да види и ум да пресуди, вели Максим Акиноски кога го завршуваа обредот и затварајќи ја книгата и гнетејќи ја потоа в пазува под мишки.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мара со очи на уплашена срна гледа во растрепереното пламенче; Јана скришум брише солза; Аргир, кој има очи на риба - ококорено, студено и безбојно гледа кон излезот, чиниш некого чека-исчекува, гледа со поглед на гладно прасе, упорно, засекливо дури во мракот погледот негов пронижува ко сврдел и буди морници...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сѐ за што имаше очи беше само пендрекот во рацете на стражарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На мое големо жалење, успеав да разберам дека светот навистина имал око.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во ред, разбирам - светот има око и тоа око не може да гледа... но дали заради нечие насилство или, просто, трагична завршница на природна болест?!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Понатаму: ако си ти на дедо ти, судејќи според тебе, тогаш тој сигурно имал око за убава жена.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И си пее, самото на себе: Наташа од трето три, има очи бадеми...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И никој нема да забележи ни како изгледа, ни дали е руса, ни колку е висока, ни дека има очи како срна и колена како од газела.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ЈОРДАН: Ветер е тоа, не е мерак! Има очи да види и разум да мисли.
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Одаите полагаат испити по живот Имаат очи со темни зеници во сливот.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
А ти, жено, ако имаш очи и ум, ела да видиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
НАЦА: (Исто така гледа низ другиот прозорец.) Чорбаџи Томче. Тоа ли е саат на две нозе?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Висар, кога му беше здодевно често се загледуваше во цвеќињата и во главата му навираа чудни мисли: цветчињата навистина му личеа на детски главчиња како што велеше учителот: имаа очи, уста, нос; тоа можеше најдобро да го забележи при гледање од одредена далечина, од одредено растојание: поблизу или подалеку, тоа не можеше да се уочи.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Силвија има очи и одзади. Знам јас уште, ама не кажувам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На Дорќол се водеше мирен и пристоен живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Оваа Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една Лидија што е голема до моево колено и што има очи како џамлии. (Само не брзајте, ќе ја запознаете и ќе ви се здодее од неа.)
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Денес, мила моја, може да се остане жив единствено ако не се праша, ако не се знае ништо, ако не се има очи и мисла за ништо од сево ова што станува околу нас. Обиди се да ми поверуваш...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Има. За жал - има. Живата цел има очи, има душа, има глас, живата цел се приближува, а понекогаш во раката има и револвер...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тишината те плашела единствено кога си била во друштво со други.  В зори ќе се зари, озарено лицето на светлината а ти меланхолично ќе се обидеш да ги отстраниш флеките на Луната да се исправиш на нозе небаре го држиш цврсто во свои раце универзалното клатно на рамнотежата             небаре си нашла решение како да излезеш на крај со депримираноста  божем ја игнорираш и ѝ вртиш грб             ама и грбот има             очи !
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одеа исправени, на задните нозе, носејќи метално оружје во предните. На нозете имаа чизми. Беа мажи и имаа очи, уши, уста, носови.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)