има (гл.) - прилика (имн.)

А има прилики и кога, од немај каде, заедно со другите, и тој сам си се прави будала.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Познатиот американски филозоф и психолог Вилијам Џејмс 1882 година за азотниот оксидул го запиша следното: “Кај мене, како и кај секоја друга личност со која имав прилика да разговарам, основниот тон на доживувањето е страотно изразеното чувство на силни, метафизички илуминации.”
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Инаку свири на оргули, ќе имате прилика да го слушнете. Вистински мајстор е за оргули.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Го ценеше и тоа што никогаш, а имаа прилика за тоа, не го искорити мракот за да ја задоволи својата машка страст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ретко имаше прилика да се дружи со алкохолот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Веќе ми имаше кажано дека се одвикнал да пие турско кафе, дека таму пиел филтер, но еве сега има прилика пак да се навикне.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Та си реков, да проговорам, да те прашам, ти имаш познати, дали има прилика да ми помогнеш да купам стан на отплата, ама првин да сториш некако да влезам на работа во шеќеранана, во државно, макар сезонски во почетокот“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И твоите се супер, дополнува, само што не сум имал прилика да ги видам во живо... – А кои тоа мои? – веднаш прашува Л.А.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Патникот тогаш здогледува, таму покрај шанкот, една млада жена, делумно издвоена од добро расположена турканица.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Говореше дека неколкупати во животот имал прилика да му се укаже силна светлина, и дека не можел да сфати како никој околу него не може да ја види; таа светлина, велеше, во неговите сетила побудувала и некаква раскошна музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И онака ретко имаат прилика да прошетаат сами во приквечерните часови на битолското корзо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Е па сакаше да бидеш писател нели? Повели, еве, ги испраќам до тебе најцрните човечки судбини, ќе мора отсега, па натаму, да ги сослушуваш, колку и да не ти се допаѓа тоа што ќе го чуеш ... а ќе чуеш секакви приказни, за болести, за кои не си знаел досега, за надежи засекогаш загубени, за сакатења, сквернавења на човечки судбини, какви не си имал прилика да видиш, а си бил убеден дека знаеш дури и за редовните посетители пред прагот на инферното, за сите пороци што ги измислил светот, откако постои...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
За среќа, сум имал прилика да ја запознаам скопската М.М. и на моите часови, и да уживам во нејзиното виртуозно музицирање на конгите (и слободно велам дека е многу помузикална од холивудската М.М.).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Јас имав прилика да го запознаам.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Да наздравиме, ми рече, којзнае дали друг пат ќе имаме прилика заедно да пиеме вотка во воз на пат за Будимпешта!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш прв пат имав прилика да вкусам од тој пијалак што дедо го нарекуваше со смешно име - газоза.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тогаш Кејтен на масата имаше прилика и лично да го види побелениот мустаќ на Јосиф и дури сега ништо не можеше да го запре.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш имав прилика да видам еден таков делија на дело.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Оние што имале прилика да ги гледаат на дело, како со часови дењеноќе се бакрачат со бојата, раскажуваат дека во тие часови лудите се однесувале сосема нормално, човечки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Тоа... Сум имал прилика да видам како уште живи, недоумрени ги закопуваат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Имав прилика еднаш да видам при копањето на еден гроб, трупот од човекот да е свртен наопаку на мев: оживеал по закопување во гробот и во маки завршил. Затоа убаво да проверите, те молам.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Јас сум имал прилика да видам и на старост да им се роди дете на некои. А вие не сте стари.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)