има (гл.) - сон (имн.)

Во џебовите му нашле едно портмоне, во кое имало медалјон со слика на Богородица, еден автобуски билет за две возења и дваесет и четири илјади марки во готово, како и дупликат од признаницата што морал да ја потпише во лотаријата, и тие пари не можел да ги има повеќе од една минута, веројатно и помалку, зашто камионот го прегазил на само педесет метри од канцеларијата на продавачот на лозови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И, додека тој имаше сериозна љубовна врска, таа имаше сон, а сонот ѝ беше тој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Беше здрав како дрен, срцето одлично му функционираше и имаше сон како сито доенче кое со најмирна совест си спие до следниот оброк.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А, да се има соништа е многу значајна работа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Треба да научиме да веруваме во животот кој го живееме, да им веруваме на сопствените избори.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Да се има, но да можат и да се остварат – реков – тоа сигурно дека е значајно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бескорисни се тие кои не повредуваат, сите имаме соништа кои мораме да ги исполниме, да ја видат светлината на денот, да заспиваат мирно под месечината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)