има (гл.) - форма (имн.)

После петлите, после будењето касно наутро, после горчливото кафе и диеталниот појадок - средина на ѓеврекот што има форма на тркало, се фрлив на работа- прелистување на дневната штампа.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Овој споменик, кој има форма слична на една од Кеопсовите пирамиди, е подигнат во чест на победата над Наполеон во 1813 година.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На асталот во трпезаријата секогаш имаше беспрекорно чист бел чаршав и салветки кои беа ставени во специјални држачи направени од сребро и коишто имаа форма на мали обрачи.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неопходно следува дека настаните имаат форми и облици сами по себе, пред да се употребат во било кои конструкти.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Имаат форма. Во напрслините постои симетрија, две од нив се уредени симетрично, и уште повеќе, речиси дека постои интенција, додаток - чудна интенција за која јас не сум одговорен, ready-made интенција, со други зборови, една интенција што ја почитувам и сакам. Ова беше еден од вашите најамбициозни обиди, зарем не? Далеку најамбициозен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Филозофот пристапи, ја осветли книгата и ние видовме верно, како и во ливчињата на отец Мида што стоеше сведоштво: писмото на записот сосем непознато беше, а записот имаше форма на клопче; само во средината на клопчето една буква се одделуваше од другите, по форма и боја: тоа беше буквата Ж, истата онаа поради која добив шлаканица во семинаријата, од Писмородецот!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Легнувам и, додека ја чекам, гледам надвор во ноќта, во небото што ја има формата на квадрат голем токму колку мојот отворен прозорец, врз чија темна површина светкаат бледи и ситни ѕвездички.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нејзините претстави имаат форма на монолог, one-woman sex show, игри на интеракција со публиката која се повикува да учествува, и тантрички ритуал на лекување.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Таа тој премин од порнографијата во светот на уметноста го толкува како ослободување од „junk“ сексот и исчекор кон еклектичните истражувања на крајните граници на сексуалноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Желна за дом Шетаат духови во куќата јазикот е претворен во крцкање шушкање, лелекање, логореа недостига визија, провидение, битие животот е патување кон неартикулираното дури и бездната има форма и хаосот има твојот Дом нема затоа што Овде - да се нема значи да се изгуби тоа што се имало значи, некогаш си имала а сега е време за мечта мечта со волшебна моќ а не обична надеж.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)