има (гл.) - изгубен (прид.)

А одамна ја имаше изгубено волјата за пушење што беше знак дека здравјето му беше влошено.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На овој начин синдикатот станува многу понезгоден за манипулација, бидејќи наместо еден лесно поткуплив синдикален лидер или тесно кршливо раководство, тој е составен од многумина самосвесни водачи. 1 3) Предолго траење на судските работни спорови Иако, според УРМ (1991), секој граѓанин може да се повика на заштита на слободите и правата утврдени со Уставот пред судовите и пред Уставниот суд на РМ, во постапка заснована врз начелата на приоритет и итност и иако, законски, во постапката во споровите од работните односи, а особено при определувањето на роковите и рочиштата, судот секогаш ќе обрне посебно внимание на потребата од нивно итно решавање (чл. 405, ЗПП) – сепак, во праксата, работните спорови траат недозволиво долго, па дури и предолго.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Интересно е тука да напоменеме дека Република Македонија веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на круцијалното начело за судење во разумен рок, гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ваквиот, барем за наши услови, нов и „наопачки“ принцип на синдикална организација ја негира поделбата на активно синдикално водство (кое преговара) и пасивно членство (кое послушно следи) – која, впрочем, е и загноената рак- рана на македонското синдикално движење.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со Госпоѓа Изабел имав изгубено секакви контакти.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Бев сосема изгубена, во тоа за мене сега ново место во кое ги имав изгубено сите контакти со луѓето, повторно се чувствував како странец.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од далеку идат куршумите сигурно силата ја имаат изгубено?!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Азра сè уште со широко раширени нозе му седеше на устата на Андон кој одамна го имаше изгубено чувството за мирис (лекарите имаа констатирано дека тоа е резултат на операцијата на капиларите во носот направена во неговата рана младост) и тој не можеше да ја насети реата од меѓуножјето на Азра, но обилно оттаму во устата и по образите му течеше тегава слуз, од што во еден момент мораше да го извлече јазикот, да земе здив со намера повторно да се врати на истото место, но се откажа, се сврте на левата страна и ги префрли двете жени на десната страна од креветот, речиси ги залепи за ѕидот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Изгледа дека во целиот клас само јас и уште едно девојче ја имавме изгубено мајката во оваа несреќа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Го имаше изгубено чувството за време.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сѐ такво уште многу одамна го имаше изгубено неговиот род.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И набргу самјакот веќе беше скорнат. Отскокна од под смреките, брефнувајќи така, што само во следниот миг сите смреки го имаа изгубено сиот свој окит и застанаа еден миг, затскриен зад нив и зад сиот тој развиорен снег, но сосема добро видлив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се тресеше учителот стиснат со жена му и син му во просториите на училиштето, се тресеа и селаните што тајно преку учителот им носеа храна на неколкуте српски војници скриени во училиштето кои ја имаа изгубено врската со својата единица при повлекувањето за Албанија.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
5.  Интересно е да напоменеме дека РМ веќе има изгубено неколку работни спорови пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и тоа токму поради повреда на начелото на „судење во разумен рок“ гарантирано во чл. 6 од ЕКЧП – пр. Нешевски vs. РМ (Жалба бр. 14438/03, Пресуда од 24.IV.2008); Ѓозев vs. РМ (Жалба бр. 14260/03, Пресуда од 19.VI.2008); Димитриева vs. РМ (Жалба бр. 16328/03, Пресуда од 6.XI.2008); Димитриевски vs. РМ (Жалба бр. 26602/02, Пресуда од 18.XII.2008) и др.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Почувствував грижа на совест дека го зафаќам тоалетот поради тоа што беше еден за целото семејство и веднаш сиот се препотив и се стегнав, уништувајќи го резултатот од претходното туширање.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Веѓите ѝ беа испопаѓале со годините, а и косата ѝ ја имаше изгубена бујноста што ја имаше на фотографиите со касичката - сега сивкав корен се наѕираше под русите локни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На човек кој го има изгубено спокојството обично му е здодевно. Здодевноста раѓа непромислености.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но таа, иако така постапи со Николчета, не го имаше изгубено пркосното достоинство на другите деца.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)