има (гл.) - прв (прид.)

Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- А сега внимание! – им свика. - Овде го имав првиот бакнеж. Да, точно под дрвото.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Амбасадорот Петер Себастијан набргу ќе биде заменет од амбасадорот Роберт Пелетро, и тој длабоко проникнат во сите енигми и тајни на палестинското прашање уште во далечната 1970 година кога во Аман ги имаше првите разговори со преставниците на Палестинската ослободителна организација за време познатиот црн септември.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па така, оној кој ќе успее да „одвлече“ пет-шест вработени, намамувајќи ги на приватен бизнис, со потпишување спогодба за трајна деловна заедница, го добива раководното место во новата фирма – патем, не наговестувајќи дека сите пет основачи го уживаат истото право, односно го имаат првото да учествуваат во управувањето со претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И оваа приказна, барем на прв поглед, до овде делува сосема регуларно и праведно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Нема да го заборавам денот кога го имав првиот разговор со Лена во Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Во доцните години на животот, амбасадорот Петер Себастијан, минувајќи ги пензионерските години во Санта Фе, на еден туниски историчар-истражувач, ќе му нагласи дека ја употребил сета дипломатска моќ за да го предомисли Бургиба да ги прекине дипломатските односи со САД, по бомбардирањето на палестинските позиции во Тунис...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Анѓа ѝ исприкажа како порасна во слобода кај мајка си и татка си; како весело и слободно го проживеа детството свое, како радосно работеше на нивните ниви, лозја и градини и се што им се раѓаше беше нивно; како среќна и весела играше и пееше на сретсело на Велигден, Ѓурѓовден и другите христијански празници со своите другачки; како среќна и доволна ја собираше волната од нивните овци кога ги стрижеа, и најпосле ѝ ја откри младата душа до нејзината длабочина и ѝ кажа дека има прво либе.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)