има (гл.) - тежок (прид.)

- Денес имав тежок ден во Судот...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имав тешка задача, морав да ставам крај на мојата врска со Евелин, девојката која што беше дел од мојт живот кога те упознав тебе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
„Ти кажував за родителите“, вели, „имаа тешка старост“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На другарките им кажа (јас прислушнував од машкиот тоалет кој од женскиот беше одделен само со ѕид кој не беше доѕидан до таванот) дека имала тежок грип.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Слабоста покажана пред непријателската полиција може да има тешки последици за самото движење. (Притоа, не треба да се заборави границата на човечката издржливост.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Имаше тешка, неподвижна снага, која не можеше да се провлече ни многу напори меѓу гранките, каде што инаку би му било потребно само едно потскокнување и едно префрлање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
НОЌ Краста и Тики се шетаат по улица.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Краста: Тој горила, Тики, има тешки психички проблеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакам да се одморам, имав тешка операција.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само што мигнал малку, нешто главата го болела, пред еден ден имал тешка операција во болницата и од тоа уште не можеше да се ослободи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Велеа дека имаа тешка умирачка...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Има уште потешки работи, има тешки несреќи предизвикани од воздушни пушки, но мене ми е мачно да зборувам за вакви работи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Знамето, во егзил, доколку било откриено, во некои околности, особено во времето кога минувавме низ емигрантското чистилиште, можеше да има тешки последици за судбината на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)