има (гл.) - точен (прид.)

„Рајата од мојот мудурлук со ништо во овој маскарлак не се провини.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стратезите на комунистичкото општество имаа точни бројки за козарите, сега новопечени припадници на работничката класа, со кои требаше да се градат големите фабрики, патишта, мостови, брани, хидроцентрали.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
4. За сето останато мудурот уште на вториот ден испрати по еден од заптиите, преслечен во селски алишта, извештај до кајмакамот во Прилеп, но петте стотини жолтици го ублажија неговиот гнев, та сета оваа кривица ја префрли главно на стариот свој душман Толе Паша и на комитите од Организацијата, за која тој имаше точни податоци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
При сакањето, ако не ќе можеме да печатиме многу работи на нашиот јазик, затоа пак нашата интелигенција ќе може да послужи како жива народна енциклопедија во која ќе се имаат точни и проверени информации по сите оддели на науката и литературата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Оваа населба Едо добро ја познаваше и имаше точна ориентација каде би била викендичката на Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)