има (гл.) - тогаш (прил.)

Токму тоа читање ме наведе, на петнаесет години колку што имав тогаш, да напишам своја верзија на „Шега со Станец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кај имаше тогаш аероплани да се бијат?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сега знаеше дека чувството што го имаше тогаш беше празнотија – некако преку ноќ животот му се испразни од смисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Нема подобро објаснување од она што го имал тогаш, нема нова вистина која во меѓувреме ја сфатил, нема поука, нема насока, нема големо просветлување во душата што може да го сподели со оние на кои цел ден им пишуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Имало тогаш во селово месо светов да го нагнетеш. И пак да остане.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А што има тогаш над нас и под нас, што има таму?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некогаш, во далечното детство, како што му се чинело на Лозан Перуника, неговиот дедо со благо лице на старински јунак го завиткувал во својот дебел и секогаш чист кожув, го држел на скут и го упатувал в живот преку прикаски во кои победувала храброста и чесноста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Колку години имало тогаш момченцето - четири, пет? Толку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Татко, му велеше, бездруго поучен од цариградското време, од големите средби што ги имаше тогаш со вујко си Фетхи Беј Окјар, како и една куса средба со Мустафа Кемал Ататурк, оти на Балканот се вестат тешки времиња, кога спасувањето на голиот живот, животот на чедата е неодложниот императив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Проклет да бидам, ама можеше да се знае што имаше тогаш во малото главче потпрено на ѕидот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Е, немаме... - Па што имате тогаш?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Да ја имав тогаш шетано Венеција, брат ми ќе го сметав За најсмешен гонделиер што патува по морето во Гондола од чевел.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Дед Павел нè прошета низ старото но и низ младото лозје, она што имаше тогаш три или четири години; ни покажа како напредува шумичката на западната страна на имањето, онаа што самиот ја беше засадил, а потоа поминавме и покрај бунарот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Уште срам имаше тогаш, велам, да ти покапе лицето, Стојно златна. - Велјанице, ме поправа Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многу срам имаше тогаш, ама мораш да се жениш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)