именува (гл.) - со (предл.)

4.4 Не, јас не плачам во мојата келија, Јас самувам во жарот од семето, Во одроните од време, Во острите засеци на светлината, Во Јас-твото Што ме именува со Смрт.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
__________ 17 Умберто Еко во Името на розата говори за таинствената мудрост поради којашто различни појави можат да се именуваат со слични зборови, а Божјите ствари да се означат со овоземски називи (1984, 271).
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одеднаш, логотетот рече: „Ова е лесно. Зарем нема доброто, мекото, облото да го именувате со зборот малума, а острото, рапавото, горчливото со такете?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сѐ што се подготвуваше за долгата зима, се именуваше со „ова е за децата“. За саканите внуци на Ружа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Носителите на тие колца-наречја некогаш се викале „Словени”, а после ту Бугари ту Срби, додека конкуренцијата на овие две имиња не ги направи обете туѓи за Македонските Словени и тие не фатија да се именуваат со старото географско име на својата татковина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)