именува (гл.) - хомофобија (прид.)

Кога си заминал градоначалникот, следниот беседник на закопот на Русо истакнал дека неговиот претсмртен прекор кон Динкинс не бил од Русовото енциклопедиско познавање на политичкото говорништво во осумнаесеттиот век.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Првиот беседник на закопот, во декември 1990 година, бил Дејвид Динкинс, тогашниот градоначалник на Њујорк; цитирал, без видлива иронија, нешто што Вито Русо му го имал кажано неколку денови порано, кога Динкинс го посетил на смртната постела: „Во 1776 година, Едмунд Берк од британскиот Парламент вака говорел за ропството: ‘Долгот на политичарот кон народот не е само да биде вреден туку и да расудува, а ако си го жртвува расудувањето заради народното мислење, тој го изневерува народот“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го кудел тој Динкинса зашто си ги изневерил гласачите кога именувал хомофобичен комесар за здравство, зашто ја укинал пилот-програмата на Њујорк за замена на игли и зашто не ги бранел бездомните носители на ХИВ и зашто не се борел против сѐ поголемиот бран насилства кон гејовите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако Динкинс, можеби, тогаш не сфатил, Русо не го фалел.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)