именува (гл.) - и (сврз.)

Фрагментите на изменето значење, се појавуваат на површината на свеста, но, обидите да се именува и контролира нешто остануваат безуспешни, и сите тие микро размислувања остануваат измешани во материјата која мозокот континуирано ја обработува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Во однос на правото на работниците на учество во управувањето, Законот за јавните претпријатија утврдува дека основачот на јавното претпријатие по предлог на Советот на вработените, а до неговото формирање, по предлог на мнозинскиот синдикат во јавното претпријатие, именува и разрешува претставници на вработените, чиј број изнесува 1/3 од членовите на Управниот одбор на претпријатието (чл. 17).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше и претседател на комисијата за откуп на лични архиви а, на крајот, беше именуван и за шеф на отсекот за ориенталистика.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во една платонска љубов кон јазикот, веднаш, на самиот почеток на нашиот разговор, Енценсбергер раскошно демонстрираше како може уверливо да се именува и исправно да се брани самата литературна кауза.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
ПОЕТОТ И СИРЕНИТЕ (средба со Х. М. Енценсбергер) специјално за “Маргина”, по повод неодамнешното гостување на Енцесбергер во Белград, со многу проникнувачки хумор, извештај праќа првиот постмодернистички герилец (“у глави, у глави, виртуелно стваран”) на Балканот: Обрад Савиќ Неодамнешната средба и разговорот со угледниот германски поет и писател, Ханс Магнус Енценсбергер помина во духот на славната изрека на Селан - ‘поезијата не се наложува, таа се изложува’ (poezija se ne nameće, ona se eksponira’ - ‘la poesie ne s’impose pas, ele s’expose’ - “die Poesie zwinght sich nicht auf, sie setzt sich aus”). .
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)