информира (гл.) - дека (сврз.)

Јатакот брзо потоа ме информира дека другарот Пене ноќе се состанува со некоја девојка по име Анастасија, нагалено Таска од селото која тој ја знаел порано, но која била ќерка на многу познат монархофашист и заколнат непријател на нашата света борба.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Да ве информирам дека ние сме опфатени со Европскиот проект за следење на здравствената состојба на учениците и подобрување на средината во која учиме и живееме...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
15 На првиот состанок по зимскиот распуст Томе ги информира дека во Македонија започна да се реализира Европскиот проект за здрава ученичка средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
По една година од работењето тој се информира дека му сле- дува и поголем надоместок за патарина.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Иако Б. Н. одвојуваше големи средства за превоз, тој не знаел дека, покрај основната плата, му следуваат и патни трошоци, според потпишаниот ОКДЈС/08 и гранскиот Колективен договор на МВР.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше рана пролет, почеток на април, да, тоа беше сончево претпладне со многу минувачи по шеталиштето на кејот под прозорецот (необична слика за тој дел од денот) кога началникот Круме Волнаровски ми се јави на службениот телефон за да ме информира дека во моето одделение, од Прифатниот центар за странци, е прераспределена Ема Ендековска.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)