искаже (гл.) - радост (имн.)

Елеонора, најмалечката, ја грабна Пеличка, додека Милка и Пелагија цела вечност како да стоеја прегрнати, без зборови, дозволувајќи им само на солзите да капат и така капејќи да ја искажуваат радоста што по толку време пак се среќаваат и двете подмладени со потомство.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Седнуваат и игуменот им пожелува добредојде и им искажува радост што пречекува вакви високи и ценети гости, овде, во светиов манастир и ги праша со што да ги почести: вино или ракија.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)