искапе (гл.) - во (предл.)

И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да му је милос на Бога, зер неќел да не сотрит сите, ами му дошло на старата од старио на сон за да кажи на дедој ни да појдат кај изворите и во еднио извор да се искапат, та ќе се сторат штркои, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во нашата земја и тамо челад да родат и да 'и изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другио извор, та да се сторат пак луѓе.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И ете кај си прајме така од илјадница години и дури стои веков, Силјане внучко, сѐ така ќе си прајме - му рекол домаќинот и друзите.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Како огромен шарен килим долу се простираше полето и искапено во утринската роса се преливаше во златото на узреаните оризови класја, во зеленилата на тутуновите стеблинки, а тек-тук се белееја и снежните пахулки на памукот што избиваше низ распуканите чушки.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Ентропистите својата свест сакаат да ја пренесат во компјутерите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Машината за саможртвување (1995) на Eric Hobein им овозможува на корисниците да се искапат во оган.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)