искраде (гл.) - од (предл.)

Една вечер, дури луѓето од тајфата си легнуваа да спијат, Веле потајно се искраде од колибите и отиде, сам во ноќта, на градилиштето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мајка несетум се искраде од чардакот оставајќи ги хероите да се докажат на јазичното бојно поле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Само Господ знае каде е тој! Ја користи секоја прилика да се искраде од дома.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не миејќи се, се соблече и се искраде од собата во која среќните љубовници спиеја со залепени грбови.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Една ноќ, кога Маја цврсто спиеше, црнокосата кукла се искраде од нејзината прегратка.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Го пишувам ова ноќта пред да тргнам со воз, од Будимпешта за Скопје; спакуван сум и утре изутрина ќе се искрадам од најпознатиот европски циркус и ќе заминам кон железничката станица.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како да се беа здоговориле со Белича; тој незабележано се искраде од бараката, кај црниците го чекаше веќе Белич готов за бегство, но како одеднаш се најдоа пак таму, сред блатото, на чун?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Луѓето и жените се искрадоа од своите куќи како лилјаци, ги напуштија софрите и леглото и ме обиколија прашувајќи што ми е.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А моите малечки деца се искрадоа од дома и ете отидоа за да можат со отворени очи да гледаат во тие грозотии. Нели е страшно тоа!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Откако тивко го затвори прозорецот, Мајка невидено се искраде од собата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)