испита (гл.) - можност (имн.)

Имајќи ја предвид состојбата во која се наоѓале единиците на НОВ и ПО на Македонија во преспанската област со недостаток на оружје, муниција и опрема, британската воена мисија Brasenose на 22 април побарала да се испита можноста капетанот Еванс преку Грција да ја организира помошта.339 Одговорот пристигнал на 5 мај 1944 година од страна на одделот на Југославија од Каиро во кој се известувала мисијата Brasenose дека “поради причина на повисока политика јас НЕ, повторувам, НЕ му испраќам помош на ЕВАНС за партизаните во ПРЕСПА.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тоа беше и правило на играта: насмевка на прозорското стакло и правото да следам една жена очекувајќи како очајник дека нејзината врска ќе се синхронизира со онаа што самиот ја одредувам пред секое возење, а тогаш - секогаш до сега - да ја видам како свртува по друг ходник а не можам да ја следам бидејќи сум приморан да му се вратам на горниот свет и да наминам во некое кафуле и понатаму да живеам сѐ додека постепено, после неколку часови или денови или недели, жедта пак нѐ ме натера да ја испитам можноста еднаш сѐ да се поклопи, жената и прозорското стакло, насмевката прифатена или одбиена, врските меѓу возовите, а тогаш, најпосле - да, точно, потоа правото да пријдам и да го изговорам првиот збор, густ од улежаното време, од бескрајното прпелкање на дното на бунарот меѓу пајаците на грчот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Меѓутоа, реалноста на теренот, успесите на НОВ и ПО во Македонија во борбите против нацифашистичките окупатори не можеле да го остават рамнодушен британскиот премиер Винстон Черчил, кој од своите разузнавачки служби побарал да се пристапи кон анализа на она што се случувало во Македонија и да се испита можноста за испраќање агенти на СОЕ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
По извршените анализи, британскиот политички врв оценил дека во однос на Македонија треба да се внимава пред сè да не се дозволи остварување на идејата за јужнословенска федерација и посебно да не се реализира идејата за формирање самостојна и обединета Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)