исполнува (гл.) - услов (имн.)

А читам дека тешко се добивало кредит и уште потешко се исполнувале услови да добиеш позајмица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Медијатори можат да бидат адвокати, дипломирани правници или лица од друга професија, во зависност од видот на спорот, кои завршиле обука за медијатори и ги исполнуваат условите од овој закон (чл. 10, ст.2 од ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Доколку сакаат да аплицираат за заеднички кредит за кола, стан или семеен бизнис, хомосексуалните парови не ги исполнуваат условите - што на хетеросексуалците им е дозволено... ај да не се повторувам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Доколку, пак, ниеден од синдикатите, односно здружението на работодавачите, не ги исполнува условите за репрезентативност, во смисла на овој закон, тие можат да склучат спогодба за здружување заради учество во склучувањето на колективниот договор (чл. 214, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Откажувањето на страните од медијацијата не влијае врз нивното право спорот да го решат во судска или друга постапка (чл. 3, ЗМ).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)